Престојот во „воздушните бањи“ се препорачува за сите оние коишто имаат потешкотии со органите за дишење
Боровата шума, ниската влажност и морето се оние што многумина, кои сакаат да продишат, ги бараат во текот на летото. Всушност, тие се местата кои се карактеризираат како „воздушни бањи.“
Покрај заболените од астма, престојот во овие дестинации се препорачува и за секој што има проблеми со бронхитис и белите дробови, особено децата.
Сепак, со цел да се почувствува позитивниот ефект што го имаат „воздушните бањи“ врз телото, многу експерти препорачуваат да престојувате континуирано три недели. Ова ќе ги прочисти бронхиите од насобраните секрети и ќе имате можност самите да ги увидите придобивките од престојот во овие места.
Постојат многу дестинации во Грција, за кои може да се каже дека се „воздушни бањи“. Исто така, постојат места кои луѓето со споменатите проблеми треба да ги избегнуваат во широк лак.
Некои од најпознатите бањи се наоѓаат во делот на Грција, кој е омилен за туристите од светот.
Ставрос
Познат е фактот дека воздушните струи се пресекуваат над Ставрос. Дури четири од нив. Освен морскиот и планинскиот воздух, постојат и езерски и речни воздушни струи, па тоа е една од главните причини зошто се смета за своевидна „воздушна бања.“
Главната плажа во местото, сместена во подножјето на планината Холомонас, е опкружена со платани, што дополнително влијае на квалитетот на воздухот. Освен тоа, има и бројни помали плажи и заливи.
Метаморфозис
Друга „воздушна бања“ во областа Халкидики, се наоѓа во областа на мирното летно одморалиште Метаморфозис.
Неа Врасна
Исклучително тивко, мало место познато по својот феноменален воздух и долгата песочна плажа, исто така се наоѓа во областа на Халкидики.
Одморалиштето е опкружено со планина, покриена со шума. Само неколку километри ја делат Неа Врасна од многу побучното и поживо летно одморалиште Аспровалта.