Делта варијантата на Ковид-19 се шири со сè поголемо темпо

popara25 јуни, 20211min0
105128223860d45f40e624e736965518_v4 big

Индискиот сој на коронавирус, наречен Делта се прошири низ целиот Двет. Од СЗО велат дека има поголема преносливост, но и дека вакцините се ефикасни. Во Македонија има два случаи на индискиот сој, а колективен имунитет се очекува на крајот од летово.

Делта варијантата на коронавирусoт, што за првпат беше откриена во Индија минатата година, веќе е регистрирана во 92 држави. За разлика од британската-Алфа и јужноафриканската- Бета оваа варијанта на вирусот која, според СЗО, се класифицира како глобална загриженост има зголемена преносливост. СЗО соопшти и дека има извештаи дека оваа варијантата предизвикува и потешки симптоми, но дека се потребни повеќе истражувања за да се потврдат тие заклучоци. Најчести симптоми, според анализите, се главоболка, воспалено грло и течење на носот.

Делта варијантата доведува до наплив на случаи од Португалија до Русија, додека Британија на почетокот на овој месец ја одложи за четири недели следната фаза од својот план за повторно отворање. Во САД, каде стапките на вакцинација се релативно високи, здравствените власти велат дека варијантата Делта може да стане доминантен вид во текот на летото.

Вакцините се ефикасни

Епидемиологот на Светската здравствена организација Марија Ван Керхове изјави дека има некои докази за намалена ефикасност на вакцините против оваа варијанта. Но, генерално, таа рече дека вакцините се сеуште ефикасни.

„Тоа е навистина важна порака што сакаме да ја направиме кристално јасна. Додека гледаме одредена намалена ефикасност, тие сепак се ефикасни во намалувањето на тешката болест, вклучително и против варијантата Делта “, порача Ван Керхове.

Според податоците објавени од Јавно здравство Англија, вакцинацијата со Фајзер и АстраЗенека е подеднакво ефикасна во спречување на хоспитализација во случај на варијантата Делта, како што е во случајот со Алфа варијантата.

Две дози на Фајзер спречуваат 96 проценти на хоспитализација поради варијантата Делта, додека АстраЗенека спречува 92 проценти, според студијата во која биле вклучени 14.000 луѓе.

И во претходните податоци објавени од британските здравствени власти на крајот на мај се дошло до слични заклучоци за помалку сериозни форми на болеста.

Тимот кој стои зад производството на Спутник В на Твитер дека вакцината е поефикасна против варијантата Делта… од која било друга вакцина што објавуваше резултати на овој вид досега“.

Тие не објавија конкретни резултати, но соопштија дека студијата на Гамалеја центарот, односно руски истражувачки институт, е доставена за објавување во меѓународно списание.

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски повикувајќи се на научна студија порача дека 88 отсто од заразените во Британија со индискиот Делта сој не се вакцинирани, а 99 отсто од моментално хоспитализираните во Британија не се вакцинирани.

„Ризикот за смрт во првите шест постковид месеци е 7 пати поголем, за развој на хронични белодробни болести 27 пати, мозочен и срцев удар 8 пати, дијабет 4 пати“ напиша Беќаровски на Фејсбук.

Помалку антитела?

Една британска студија објавена во медицинското списание „Лансет“ на почетокот на јуни, испитуваше нивоа на антитела кај вакцинирани лица изложени на варијантите Делта, Алфа и Бета.

Откриено е дека нивото на антитела кај луѓето со две дози од Фајзер е шест пати помало во присуство на варијантата Делта отколку во присуството на оригиналниот тип на Ковид-19 на кој се темели вакцината.

Варијантите Алфа и Бета исто така предизвикале помали реакции, со 2,6 пати помалку антитела за Алфа и 4,9 пати помалку за Бета.

Француско истражување од Институтот Пастер заклучило дека антителата како резултат на вакцината Фајзер се три до шест пати помалку ефикасни против варијантата Делта отколку против Алфа варијантата.


escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag