Одличен десерт за изненадувачки гости или кога ќе ви падне на памет да јадете нешто навистина добро и слатко
Состојки:
- 170 гр чоколадни бисквити
- 50 гр путер
- 100 гр црно чоколадо
- 500 мл слатка павлака
- малку екстракт од ванила
- 200 мл кондензирано млеко
- 2 лажици какао
Подготовка:
Изблендирајте ги бисквитите и измешајте ги во сад со стопен путер и лажица слатка павлака. Промешајте и притиснете ја смесата во садот за торта, како кога правите чизкејк.
Потоа растопете го црното чоколадо со 100мл слатка павлака. Во друг сад изматете го остатокот од слатката павлака со ванилата и додадете го кондензираното млеко. Поделете го кремот на два дела и измешајте го какаото во еден дел.
Конечно, нанесете ги двата крема на подлогата, како што е прикажано на видеото подолу. Израмнете ја површината на тортата и прелијте со растопено чоколадо. Ставете во замрзнувач неколку часа, и извадете 20 минути пред да сервирате.