Јадете само 2 ореви секој ден, резултатите ќе ве воодушеват: Го намалуваат крвниот притисок и холестеролот, и „лекуваат“ уште 8 други проблеми

popara12 декември, 20212min0
4

Доволно е да јадете минимална количина ореви секој ден – само две јатки, за во голема мера го подобрите вашето здравје. Од притисок, преку холестерол, до губење на тежината, оваа храна е „лек“ за многу болести.

Еве што ќе се случи ако земете само две јатки од орев секој ден …

Ќе спречите воспаление

Воспалението често е предизвикано од оксидативен стрес и игра голема улога во многу болести како што се дијабетес, Алцхајмерова болест и срцеви заболувања. За среќа, полифенолите кои се наоѓаат во оревите можат да помогнат во намалување на ова воспаление и оксидативниот стрес.

Ќе го подобрите вашето здравје на срцето

Оревите се богати со омега-3 есенцијални масни киселини, кои го подобруваат здравјето на срцето и го намалуваат крвниот притисок.

Ќе го намалите нивото на холестерол

Оревите го намалуваат нивото на холестерол, што пак го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Ќе спиете подобро

Обично нашето тело произведува мелатонин, кој испраќа порака до мозокот кога е време да заспиеме. Но, кога му треба дополнителна помош, оревите се тука за да го зголемат нивото на мелатонин во крвта и да ви помогнат да заспиете.

Ќе го намалите притисокот

Оревите можат да го намалат крвниот притисок кај луѓето кои страдаат од хипертензија и кај оние кои се под постојан стрес.

Ќе ја зголемите плодноста

Оревите помагаат да се зголеми подвижноста на спермата, што значи дека ќе ја подобри општата плодност кај мажите.

Ќе ја подобрите функцијата на мозокот

Хранливите материи во јаткастите плодови ја подобруваат функцијата на мозокот. Особено, полинезаситени масти, полифеноли и витамин Е. Оваа теорија е поддржана со истражување кое покажа дека оревите имаат позитивен ефект врз функцијата на мозокот, меморијата и вештините за учење.

Според студијата, оревите исто така го намалуваат ризикот или може да ја забават прогресијата на Алцхајмеровата болест кај постарите лица.

Ќе го регулирате варењето на храната

Секојдневната консумација на ореви може да ви помогне да ги решите дигестивните проблеми и да ја одржувате правилната функција на дебелото црево – сето тоа благодарение на влакната што ги содржат. Докажано е дека оревите всушност позитивно влијаат на цревните бактерии.

Ќе ве заштити од предвремено стареење

Оревите го забавуваат стареењето бидејќи се полни со витамин Б, што е добро за ослободување од стресот и подобрување на расположението. Зголеменото ниво на стрес влијае на раната појава на брчки, а присуството на витамин Б заедно со витамин Е, природен антиоксиданс, помага во борбата против слободните радикали предизвикани од стресот. Ова пак го одложува процесот на стареење.

Ќе ви го намали апетитот

Иако содржат многу масни киселини, оревите се добри за слабеење затоа што помагаат во контролата на апетитот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma