Латино дивата Џенифер Лопез веќе долго време не е само пејачка и актерка, туку и модна икона и вистински лидер на трендовите кога станува збор за стилизирање на косата. Така, пејачката успешно врати на сцената краток боб, дебели прамени и високо опавче, а успеа да изгледа одлично со необични пунџи на главата. Но, многумина се согласуваат дека при спомнувањето на нејзиното име, прво што ни паѓа на ум е Џенифер со лабава густа коса и нежни бранови и токму оваа фризура, вели Џеј Ло, и е омилена и се чувствува најсигурно со неа.
Но, на социјалните мрежи се појави фотографија минатиот викенд на која Џенифер има совршено исправена коса каква што не ја гледаме често. Неверојатно елегантна, сјајна и права коса беше изборот на музичарката за една приватна вечера. Внимание привлече и нејзините совршено обликувани шишки, кои паѓаат со тежина од двете страни на лицето. Оваа фризура истовремено ги нагласува образите и централниот дел на главата, а исто така им одговара на жените со широко и спуштено чело.
„Само затоа што бојата на косата изгледа совршено за вас, не значи дека треба да ја боите до крајот на животот. Веројатно ќе се уморите да изгледате постојано исто по пет години, а промената потоа ќе изгледа како вистинско освежување и сигурно ќе ви донесе многу комплименти. Исто така, инвестирајте во квалитетни производи за нега, со кои вашата боја ќе изгледа свежа подолго, и барем на секои два месеци, дозволете да одите на фризер “, рече Џенифер.