Том, наводно, многу го измачувале последиците од разводот, што ја стави во прашање неговата долга актерска кариера во тоа време.
Дека поранешната актерска двојка, 42-годишната Кети Холмс и 58-годишниот Том Круз не се разделиле во најдобри односи, беше пишувано и пишувано скоро цели десет години откако во 2012 година потврдија дека на нивната љубов , по шест години брак, ѝ дошол крајот. И иако се знае дека односот меѓу двајцата е, благо речено, непостоечки, сега во јавноста стигна информација за тоа како Кети речиси целосно го уништила Том.
Имено, како што пишува Us Weekly, по разводот, Том наводно многу се борел со последиците од истото, што ја стави во прашање неговата долга актерска кариера во тоа време. „Том беше целосно скршен откако Кети го остави. Мислеше дека создадоа прекрасен заеднички живот и кога таа реши да замине, на Том очајно му требаше пауза од сето тоа. Процесот на тaгување и пронаоѓање не беше воопшто лесен, тој размислуваше да се откаже од актерството, но на крајот сепак успеа да го изгради својот живот, без Кејти во него“, изјави за медиумите извор близок до холивудската sвезда.
Исто така, истиот извор рече дека по надминувањето на разводот со Кети, Том целата своја енергија ја насочил кон својата кариера, па станал голем работохолик. „Негов приоритет му е глумата и постојано вложува во снимање филмови. Секој што го познава е свесен дека тој понекогаш претерува со својата работа и дека треба да закочи малку, но целосно е фокусиран на својата кариера“, објасни изворот, додавајќи дека актерот сака да го поминува ретко слободното време со својата сестра или децата кои ги посвои во бракот со Никол Кидман, Бела и Конор.