Твитер се возбуди заради серијата „Black Mirror“: Дали оваа епизода била за Бритни Спирс?

popara30 јуни, 20212min0
esli-o-black-mirror-830x0

По шокантното сведоштво на Бритни Спирс, многу гледачи се убедени дека една епизода од популарната серија „Black Mirror“ е посветена на неа.

Станува збор за епизода од петтата сезона на серијалот, наречена „Rachel, Jack and Ashley Too“. Во епизодата, Мајли Сајрус ја игра поп-sвездата Ешли О, која е ограничена од нејзиниот менаџерски тим, односно нејзината тетка Кетрин ги контролира сите аспекти на нејзиниот живот.

Ешли е принудена да настапува во серијата, иако тоа не ја прави среќна, а нејзиниот менаџер ја тера да зема лекови. Исто така, Ешли е под надзор на другите цело време. Кога се буни, Кетрин ја дрогира, поради што пејачката завршува во кома, а нејзиниот тим сепак се обидува да заработи пари на нејзиниот лик користејќи ги мозочните ќелии за нов албум, а тие исто така ја претвораат и во холограм.

Фановите учествуваат во спасувањето на Ешли.

Дали оваа приказна ве потсетува на некого? Да, истото го помислија и корисниците на Твитер.

  • „Луѓе, таа епизода на „Black Mirror“ беше за Бритни Спирс“ – твитерџиите масовно пишуваат, пренесува Индекс.

Потсетуваме дека Бритни беше под конзерваториски надзорво последните 13 години, што ја спречува да донесува големи одлуки во сопствениот живот (и лични и финансиски).

  • „Толку сум лут што не можам да спијам и сум во депресија. Сакам да се слушне мојот глас … Сакам промени и сакам промените да напредуваат. Заслужувам промени“ – рече пејачката пред судот. Спирс јасно стави до знаење дека сака да ѝ заврши старателството.
  • „Само сакам да си го вратам животот, поминаа 13 години и тоа е доволно. Доста е и воопшто нема смисла … готова сум. Сакам да го тужам моето семејство, да бидам целосно искрена“ – рече таа.

По сведочењето, таа им се обрати и на обожавателите.

  • „Привлекувам внимание на ова затоа што не сакам луѓето да мислат дека мојот живот е совршен затоа што дефинитивно не е. И, ако сте прочитале нешто за мене во вестите оваа недела … Очигледно сега навистина знаете дека не е совршен. Се извинувам што се преправав дека сум добра во изминатите две години. Јас го направив тоа од гордост и ми беше непријатно да споделам што ми се случува. Но, искрено, кој не сака да има забавен Инстаграм? Верувале или не, преправајќи се дека сме добро навистина помага“, рече таа.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma