4 здравствени причини зошто треба да јадете цреши

popara5 јули, 20211min0
4 причини зошто да јадете цреши

Црешите се познати по своите бројни лековити својства и антиоксидантни ефекти

Најмалку 200 грама цреши на ден што ќе ги јадете на празен стомак е одлична превенција од многу болести. Ова овошје е исклучително хранливо и полно со растителни влакна, витамини и минерали.

Црешите содржат антиоксиданти и фитохемикалии кои можат да му помогнат на организмот да го намали ризикот од целиот спектар на болести.

  1. Антиоксидансите штитат од слободните радикали
    Црешите се полни со антоцијанини, супстанца што им дава на црешите карактеристична темно црвена боја. Антиоксидансите помагаат во заштитата на клетките од слободните радикали.
  2. Фитохемикалиите ја намалуваат болката
    Тие го штитат телото од потенцијално воспаление и можат да помогнат да се намали болката при артритис.

Само една чаша сок од цреша на ден може да ја ублажи болката во зглобовите, особено ако е последица на гихт, бидејќи активните состојки од ова овошје ја намалуваат количината на урична киселина што е причина за проблемот.

  1. Влакна како превенција од рак
    Црешите помагаат да се намали ризикот од заболување од карцином на дебело црево, имаат корисен ефект врз слабеењето, придонесуваат за чувство на ситост и го намалуваат растот на шеќерот во крвта.
  2. Витамин Ц и калиум ги штитат срцето и крвните садови
    Црешите се одличен извор на витамин Ц и калиум. Витаминот Ц е важен за синтезата на колаген и за метаболизмот на масните киселини.

Калиумот може да го намали ризикот од висок крвен притисок и мозочен удар, а црешите имаат повеќе од јагоди или јаболка. Исто така, црешите ги штитат срцето и крвните садови, а особено се добри за капиларите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma