Внуката на Грејс Кели и ќерката на принцезата Каролин од Монако се појавија на коњички турнир во друштво на чичко Алберт во креација со потпис на модната куќа „Шанел“.
Шарлот Казираги, која е позната по своите феноменални стајлинзи, уште еднаш покажа како треба да изгледа една дама. Носеше интересен комплет од бел твид, додека комбинацијата облека ја „зачини“ и со сандали во бело.
Таа е јасен пример дека добриот стајлинг не бара премногу детали или бои. Минимализмот е повторно во мода и овие монохроматски стилови стануваат сè попопуларни.
Освен со совршен стил, таа може да се пофали и со совршена градба, па сè што носи одлично ѝ стои.
Модните експерти не успеаја да пронајдат маана во оваа облека, дали ви се допаѓа?