Рене Зелвегер се фотографираше со своето ново момче, а сите гледаат во нејзиното лице без шминка: „Деформирана си“

popara6 јули, 20212min0

Американската актерка Рене Зелвегер (52) беше фотографирана во Калифорнија со своето ново момче Анте Анстед (42) во опуштено издание, а со својот изглед ги потврдија приказните дека започнале љубовна врска.

Имено, актерката и британскиот водител беа фотографирани на плажата Лагуна на неговата тераса со поглед на море, а пиеќи кафе и уживајќи во амбиентот.

Гласините дека се во врска започнаа минатата недела, но досега немаше потврда. Меѓу парот има 10-годишна разлика и иако актерката е таа што е постара, се чини дека тоа не им претставува проблем.

„Слатка“, „Таа е конечно среќна во љубовта, мило ми е за неа“, „Таа заслужи добар човек“ беа коментари на обожавателите.

Сепак, многумина забележаа дека Рене изгледа многу поразлично без шминка.

„Што не е во ред со нејзиното лице, како друга личност“, „Кило ботокс, таа е искривена“, „Деформирана си“, се само некои од коментарите.

Инаку, актерката сега активно глуми, а во 2019 година се врати на филмските екрани по пауза од 6 години.

Во едно интервју, таа објасни зошто ја немаше толку долго:

,,Ме немаше некое време, да бидам целосно искрена, бидејќи не се грижев за себе. Изгледав како да не се грижам за себе, така се чувствував. Си здодеав на самата себе. Дојдов до моментот кога се чувствував како да седам покрај себе додека снимав, се гледам себеси и вртам со очите. Затоа, решив да одам, да станам поинтересена, да направам нешто друго”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma