Жешко лето, епа што, ако е жешко не е лав и нема од што да имаш страв, соблечи се слободно, за да ти биде попријатно… И на тебе, и на околината! Вака отприлика би можело да се дефинира она што некогашната македонска ТВ водителка, сега позната трендсетерка Мелита Ракичевиќ го споделила како дел од арсеналот на своите најнови фотографии на социјалните мрежи.
Познатата македонска убавица во топлес издание, ама не на плажа туку разголена во шумичка, во сенките покрај реката ја распослала сета своја телесна убавина, на општо задоволство… И свое лично и на нејзините следбеници на социјалните мрежи.
Нееее, не е она што некој може веднаш да помисли, туку во прашање е вистинско маче, кое до душа подѕирнува затскриено токму од зад она место, кое на некои прво им падна на ум.
А, кога сме веќе кај умот и умните мисли, Мелита не пропушти еротскиот набој на фотографиите да го зачини токму со една мудрост:
„Каде и да си, секогаш те следат две сенки… Божјиот поглед и мајчината мисла“ – напишала таа покрај топлес фотографиите. И не дека не е во право, апсолутно е тоа така… Ама кога ваква убавица ќе осамне разголена, покрај „двете сенки“ ја следат уште илјадници „влажни погледи“ на армијата машки следбеници на социјалните мрежи.
Какви погледи покрај оној – Божјиот и какви мисли, освен мајчината им се „мотаат“ низ главата…? Е тоа е веќе друга работа, која веруваме на Мелита и е исто така добро позната!
Преземено од vistina.com.mk