Елена Стефановска живее љубов со стил: Водителката ја покажа својата романтична страна – „Засекогаш ќе те сакам“

popara6 јули, 20214min0
stefanovska
  • Водителката на емисијата со неколкугодишен стаж „Живот со стил“, Елена Стефановска живее таков живот.

Иако во нејзината емисија интервјуираше бројни познати личности кои знаат да проговарат како за професионалниот, така и за приватниот живот, Стефановска многу ретко или речиси никогаш не сме ја виделе во улога на гостин каде ќе раскаже детали за својот живот.

Сепак, тука се социјалните мрежи кои во последно време се почест извор на информации, па прво ќе дознаеме од нив.

Стефановска не го експонира премногу својот приватен живот, а во 2019 изненади  конечено на Инстаграм обелодени дека е во врска со бизнисменот Бојан Најдоски.

Отогаш заљубената водителка ужива во секој момент поминат со својот партнер, во нивните заеднички ручеци, вечери, егзотични патувања, одмори, заеднички прослави, родендени.

Стефановска често знае да сподели некоја фотографија од себе и да се пофали како живее живот, но и љубов со стил.

Парот неодамна одмараше на одмор во Грција, а водителката не остана должна да не објави заедничка фотографија на која позираат покрај морето.

Елена и Бојан деновиве имаа убав повод за славење. Имено, двојката прослави годишнина од нивната врска.

По тој повод, тие има организирана романтична вечера покрај Охридското езеро.

Водителката на својот Инстграм се пофали со атмосферата, односно прво сподели заедничка фотографија, а во описот напиша:

„Секогаш ќе те сакам со целото мое срце. Среќна годишнина, љубов моја“.

Потоа, наздравија за љубов….

А тука е заедничката фотографија покрај масата додека вечераат што од вкусната храна и уживаат во друштвото еден на друг.

И за крај, преубавата ноќна атмосфера со поглед кон езерото, поглед за очи, мерак за душа.

Под објавата на водителката се нижеа бројни честитки, а меѓу нив и од нејзините колешки, пријателки, Соња Тарчуловска, Вера Мештеровиќ.

Черститки.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma