Во легендарното интервју со Опра Винфри, Меган Маркл изјави дека не знаела ништо за кралското семејство.
Меган Маркл излажала кога јавно рекла дека „никогаш не истражувала за принцот Хари и кралското семејство“, тврди нејзината колешка актерка од серијата „Real Housewives“.
Меган Маркл била фотографирана пред Бакингемската палата кога имала 15 години и сите овие години била опседната со кралското семејство!
Растејќи, Меган Маркл сонуваше да се сретне со принцот и да замине за Лондон. Додека била студентка, на сите страни лепела фотографии од принцезата Дијана и обожавала филмови со принцези и обични девојки кои се среќаваат со принцови.
– Нон стоп зборуваше за Дијана, ја имитираше во облеката, позираше пред огледалото – вели нејзината пријателка.
На крајот, стигна до Лондон и успеа да се фотографира пред Бакингемската палата. Меган седи на оградата, а во позадина е Бакингемската палата. На сликата, Меган Маркл има 15 години, а со неа е и Нинаки Прајд.
За време на бомбастичното интервју со Опра Винфри, кое предизвика тектонско нарушување во односот помеѓу кралското семејство и војводата и војвотката од Сасекс, Меган Маркл тврдеше дека не знае ништо за кралското семејство пред да се сретне со принцот Хари.
– Апсолутно е невозможно Меган Маркл да не знае кој е нејзиниот иден сопруг – вели Леилани.