Јахтата на славниот португалски фудбалер деновиве плови во океанот кај Мадеира, во португалските води по испаѓањето на Португалија од Европското првенство.
Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез уживаат во својата романса, а парот моментално се одмара во друштво на своето семејство кое пловеше на луксузната јахта на фудбалерот во Шпанија.
Двојката поминува време уживајќи во оваа прекрасна убавица, долга 27 метри и чини дури 7 милиони евра.
Луксузната јахта има 5 луксузни кабини и 6 модерни бањи, а на бродот има модерна кујна, луксузна трпезарија и две области за релаксација.
Папараците ги сликаа откако се симнаа од јахтата.
Оваа луксузна убавица ја купи Кристијано Роналдо минатата година, а може да достигне брзина од 28 јазли додека тежи 93 тони.