Викаат дека изгледа како секоја “нормална” жена и тоа ги воодушевило
Пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум го продолжија својот одмор во Турција по венчавката, но и таму ги фатија папараците
Двајцата уживаа на плажа и во сите активности што им беа понудени и малкумина можеа да ја препознаат Кети по породувањето, особено што беше во прилично опуштено издание, но се чини дека токму тоа им се допадна на фановите.
Сите се воодушевени што Кети не обрнува внимание на нејзиниот физички изглед и што веднаш по породувањето го покажа своето тело, кое сè уште не е во „совршена“ форма.
Да се потсетиме, парот во август минатата година ја доби ќерката Дејзи Дав. Орландо има 10-годишен син Флин, кого го доби со неговата поранешна сопруга, моделот Миранда Кер. Двајцата беа во брак од 2010 до 2013 година, додека Кети беше во брак со британскиот комичар Расел Бренд од 2010 до 2012 година.