Секој сака убава и здрава коса. Сепак, поради честата употреба на хемикалии, косата станува оштетена, па затоа од време на време е потребно да се користат маски изработени од природни состојки.
Оваа маска ја препорачува руската лекарка Татјана Викторовна. Она што е интересно е дека ви треба само една состојка. Да, добро прочитавте.
Станува збор за морков.
Морковот добро ќе влијае на растот на вашата коса и ќе ја направи побујна и ќе ја опорави. Сè што треба да направите е да го иситните морковот и да го нанесете на темето пред да ја измиете косата. Потоа оставете го да стои 15 минути, а потоа исплакнете.
Оваа постапка правете ја еднаш неделно, а подоцна може да ја правите еднаш месечно. Тоа ќе ви помогне да ја повратите косата и ќе бидете задоволни од добиените резултати.
Морковот е богат со витамини, особено витамин А.