Пејачката Северина имаше настап во клуб на Браш, а нејзиниот стајлинг предизвика посебно внимание.
Имено, таа и целиот нејзин бенд се појавија на сцената инспирирани од серијата „La Casa de Papel“ и воодушевија многумина.
Тие носеа црвени комбинезони, качулки и маски со ликот на Салвадор Дали, а пејачката го започна настапот со стиховите „Ова ќе биде добра ноќ, имам чувство“.
Публиката пееше заедно со неа, а тие не престануваат да го коментираат ова необично издание на убавата пејачка на социјалните мрежи.