Дали сте знаеле дека можете да ја изнајмите прекрасната вила од филмот „Под сонцето на Тоскана“?

12 јули, 2021
tuscan-sun-1-1530301276-790x526

Ако сте ги прочитале мемоарите на американскиот поет и есеист Франсис Мејс или сте го гледале истоимениот филм „Под сонцето на Тоскана“, тогаш сигурно сте сонувале да се преселите во прекрасната Тоскана. Во тој случај, ќе ве воодушеви веста дека можете да ја изнајмите прекрасната вила од филмот наречена Вила Лора.

Вилата датира од 17 век и се наоѓа веднаш до фарма и стаклена градина со цитруси и е обновена во 2006 година. Има дури 10 спални соби кои можат да соберат 20 гости, 10 бањи, камин, визба за вино, домашно кино и просторија за игри. Во дворот има базен, органска градина и прекрасно место за одмор.

Цената на една ноќ во оваа вила е помеѓу 2.362 и 4.051 долари за една ноќ, а подолу можете да видите како изгледа и сами проценете дали се исплати.