Научниците дојдоа до ново сознание: На развојот на Алцхајмеровата болест може да влијае и гледањето телевизија, еве како

popara12 јули, 20211min0
Screenshot 2021-07-12 200314

Студија на американските универзитети во Алабама и Колумбија покажа дека прекумерното гледање телевизија може да има штетно влијание врз мозокот

Експертите ги проучувале навиките на луѓето, на возраст од 50 до 80 години и откриле дека таквата склоност кај луѓето на средна возраст подоцна може да доведе до когнитивен пад и промени во мозокот. Поточно, предизвикува штета на сивата материја (која содржи повеќе од 75 милијарди неврони), која е одговорна за скоро сите наши физички и интелектуални способности.

Гледањето телевизија ја оштетува мозочната маса…

Авторите на истражувањето наведуваат дека луѓето на возраст меѓу 45 и 65 години треба да седат што е можно помалку пред ТВ и да вметнуваат здрави навики како што се пешачење, вежбање и медитација во секојдневниот живот.

Когнитивните способности вклучуваат меморија, размислување, комуникација и решавање на проблеми, а со стареењето доаѓа и нивното слабеење и деменција. Седум милиони луѓе секоја година во светот се дијагностицирани со деменција, па експертите предвидуваат дека до 2050 година, тој број може да се зголеми.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma