Во Швајцарија официјалните органи само што завршиле еден необичен проект – поставување на “drive-in” соби за секс, во кои проститутките можaт да ги задоволат своите клиенти, без нарушување на мирот.
Параваните кои го обиколуваат просторот за секс беа поставени откако властите добија илјадници поплаки од граѓаните чии домови се со поглед на “црвената зона” во Цирих.
“Таму се и сешто се случува сред бел ден и мачно е за нас тоа да го гледаме”, вели еден од револтираните граѓани.
“Не можеме да ја искорениме проституцијата, па мораме да научиме како да ја контролираме”, изјави портпаролот на швајцарската полиција, Рето Казанова.