Денес, ретко кој пие вода „од чешма“ мислејќи дека е помалку здрава од флашираната вода. Лекарите штотуку ја открија вистината – замрзната вода е ТОП за здравјето.
Се верува дека претходно замрзнатата вода што се „топи“ е многу покорисна за организмот отколку „обичната“. Лекарите велат дека хемискиот состав на вода што претходно била замрзната обично содржи помалку штетни „нечистотии“ од онаа од чешма.
Таканаречената „растопена“ вода ги забрзува метаболните процеси во човечкото тело, го зајакнува имунитетот, му помага на организмот поефикасно да се бори против автоимуните и алергиските реакции, ги отстранува токсините, го подобрува варењето, нè тера да спиеме подобро и поквалитетно, па дури се верува дека помага и во губење на телесната тежина.
Сепак, главната предност на стопената вода е намаленото количество штетни нечистотии кои секогаш се присутни во водата од чешма.
Лекарите препорачуваат да пиете чаша со оваа вода секое утро, веднаш по станување и да ја земате пред јадење попладне и навечер.
Еве како да ја подготвите …
Истурете вода во сад и ставете ја во замрзнувач. Кога ќе замрзне, треба да го извадите садот и да ја оставите водата да се стопи на собна температура. Некои експерти советуваат да се загрева водата на 94-96 степени пред да се замрзне, но во овој случај водата прво мора да се излади на собна температура, а дури потоа да се замрзне.