Една од работите што иритира многу жени е што им се лупи лакот на третиот или четвртиот ден на море. Тие тогаш изгледаат грдо, а вие мора да имате отстранувач на лак, памучна вата или тупфер и секако нов лак што внимателно ќе го нанесете.
Ако сакате вашите нокти да бидат убави и уредени до две недели, ова се одлични совети за вас.
Пократки нокти
Кога се подготвувате да одите на одмор, скратете ги ноктите. Пократката должина не е толку склона кон пукање и листање.
Завршен сјај
Ако сами сте ги средиле ноктите, ставете проѕирен слој врз бојата. Ова ќе ја заштити бојата.
Користете ракавици
Користете гумени ракавици кога работите домашни работи. Ова ќе спречи оштетување на лакот.
Прескокнете ги топлите купки
Топлата вода го суши лакот за време на туширањето, па затоа би било добро да ги избегнувате во текот на летото.
Правилно сушење
Ако сакате вашиот маникир да трае подолго, треба да бидете трпеливи кога ги лакирате ноктите. Оставете ги правилно и доволно да се исушат, без разлика колку време е потребно.
Изборот на боја
Повеќе неутрални бои и „голи“ нијанси се многу благодарни бидејќи каква било штета, како што е изгребан лак, не е толку забележлива.
Подготовка на ноктите
Пред лакирањето, избришете ја ноктната плоча со памук натопена во бел оцет. На овој начин ќе го отстраните вишокот маснотии од ноктите, а со тоа маникирот ќе трае подолго.