Кога одиме на море, сите одиме со намера да се вратиме, покрај одморот и пливањето, со морска боја.
Секако, заштитниот фактор е секогаш важен и потребно е да се заштити кожата од изложување на сончевите зраци. Сепак, сите сакаме кога ќе добиеме малку боја.
Иако светлиот тен беше доста популарен во историјата, за што сведочат и фотографиите на многу историски личности кои дури и ставале бел прав за да ја осветлат кожата, во денешно време потемнет тен е доста популарен.
За да може таквиот тен да остане на кожата подолго по сончање или летни одмори, треба добро да ја подготвите кожата за бојата.
Она што треба да го практикувате е добро да ја ексфолирате кожата пред да одите на море, без разлика дали е во домашна верзија со некој пилинг за тело што можете да го купите во блиската аптека, а освен тоа, може да имаат и разни производи за пилинг како што се ракавици, четки и сл. помагала.
Оваа постапка ќе ја отстрани мртвата кожа и ќе го исчисти вашето тело од разни нечистотии, така што бојата останува рамномерна и трае подолго.
Важно е да се напомене дека додека сте на море или додека сте во процес на сончање, поточно изложување на сончевите зраци, не треба да правите дополнителен пилинг. Ова не се препорачува, бидејќи тоа ќе ја отстрани бојата.
Секако, користете и производи за после сончање за да ја негувате вашата кожа и со тоа дополнително да ја продолжите бојата на морето.
НЕ ЗАБОРАВУВАЈТЕ КРЕМ ЗА СОНЧАЊЕ ДОДЕКА СТЕ НА ПЛАЖА!