Поранешната членка на британското кралско семејство Сара Фергусон даде интервју во кое отворено зборуваше за принцезата Дијана. Таа тврди дека принцезата би била многу горда на своите синови, но и на нивните жени Кејт и Меган.
„Дајана би била горда на своите синови и нивните жени. Кога би можела да седне до мене денес, ќе ми кажеше дека е горда на своите синови и нивните прекрасни жени што ги избраа, бидејќи секој има свој глас во семејството“ – рече таа за списанието „People“.
Како што продолжи да зборува, таа смета дека Дајана ќе ги обожава нејзините ќерки, принцезите Јуџин и Беатрис.
Таа се сети и на нивното заедничко растење и истакна дека станале најдобри пријатели на 14-годишна возраст. Меѓутоа, кога Дајана почина, медиумите објавија дека британската принцеза и војвотката имале ладна врска.
Ферги тврди дека ова не е точно:
„Си ветивме едни на други дека ќе се држиме заедно засекогаш. Никогаш немало никакви борби меѓу нас, иако сите посакувале да се случи такво нешто“ – тврди таа.
„Таа ме научи толку многу за јавниот живот. Беше толку храбра и многу добро се забавувавме“ – рече Сара Фергусон, а нејзиниот прв роман Her Heart for a Compass ќе ја види светлината на денот на 3 август.