Поминаа 20 години откако актерот Дејвид Хаселхоф стана омилен кај женската публика поради неговата улога во мегапопуларната серија „Чувари на плажата“. Полудуваше жени ширум светот со своето совршено тело и никој не можеше да му одолее.
Благодарение на него, оваа серија доживеа планетарен успех, а по емитувањето на последната сезона, тој некое време живееше од старата слава, а потоа падна во заборав.
Со текот на годините, тој беше следен од разни скандали и бизарни ситуации кои беа снимени од камерите. Во алкохолизирана состојба, тој уништил хотелска соба во Лондон пред 12 години и удрил лекар, а пред тоа во јавноста стигна видео во кое пијан се обидува да јаде хамбургер на подот од бањата.
Иако можеше да ја освои скоро секоја жена, само Хејли Робертс, девојка помлада од 3 децении, успеа да го освои неговото срце. Славниот актер денес го слави својот 69-ти роденден, токму во нејзините прегратки.
Иако е на чекор од 7-та деценија од својот живот, актерот изгледа феноменално. Како што и самиот еднаш призна, тој не го прескокнува тренингот, и строго се придржува кон диетата што му ја препишал нутриционист.
Еве како изгледа: