Принцезата Шарлин, сопругата на Алберт од Монако, со месеци е „заробена“ во својата татковина, Јужна Африка. Имено, лекарите и забраниле да патува поради тешка инфекција на увото, така што таа нема да ја напушти земјата до дополнително известување.
Шарлин отишла на Црниот континент да гледа како се враќа носорогот во дивината. Овие големи животни се на работ на истребување бидејќи ловокрадците безмилосно ги убиваат поради нивните рогови, па затоа, како претпазливост, им се отстрануваат коскените израстоци за да не бидат мета. Принцезата активно учествува во заштитата на носорозите, но очигледно не обрнала доволно внимание на сопственото здравје. Пред да тргне, таа беше подложена на операција за подигнување на синусите, што и беше препорачано од стоматолог поради забен имплант, но после тоа се појави инфекција. Но, тоа го сфати кога инфекцијата веќе се зафати и се прошири. Поради притисокот во ушите, засега не смее да влегува во авионот, па нејзиното враќање во Монако е доведено во прашање.
Болеста на принцезата Шарлин ги смени нејзините планови
Како што откри убавата Шарлин кога се приклучи на „Канал 24“, многу и недостасува семејството. Ја пропушти и прославата на десетгодишнината од брак, на првиот ден од јули.
- Алберт е мојата карпа. Ми дава сила, без неговата љубов и поддршка не би можела да го надминам овој тежок период – искрена е принцезата.
Таа не може да патува, но нејзиниот сопруг и децата можат. Веднаш штом ќе бидат исполнети условите, Алберт и нивните близнаци Жак и Габриела ќе дојдат кај неа во Јужна Африка.