Често сте тажни и без енергија? – Проверете си ја крвната слика, можеби имате недостаток на овој витамин!

popara22 јули, 20211min0
desperate man in silhouette sitting on the bed with hands on head , headache after weak up

Некои болести се појавуваат без изразени симптоми, а истото може да се каже и кога станува збор за недостаток на одредени витамини во организмот. Од почетокот на пандемијата на Koронавирусот, сите експерти истакнуваат дека една од најважните хранливи материи е витаминот Д, а неговиот недостаток може да влијае не само на физичката, туку и на менталната состојба.


Недостатокот на овој витамин може да се манифестира на доста невообичаени начини. Еден од нив, на пример, е честото плачење, вели фармацевтката Сузи Коен. Ако некое лице нема доволно Д витамин, веројатноста за развој на депресија е поголема.

Покрај тоа, мускулната слабост, необјаснетата надуеност и осипот на кожата се исто така на списокот на необични симптоми на недостаток на витамин Д. Честите настинки како резултат на намален имунитет, исто така, можат да укажат на проблем.

Недостатокот на витамин Д, може да предизвика влошување и на состојбата на ноктите и косата. Овој витамин се наоѓа во одредена храна, но во недоволни количини. Може да го внесете во организмот преку додатоци или природно – со изложување на сонце, бидејќи така најдобро се синтетизира, па сега е вистинското време да впиете дел од оваа хранлива материја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma