Малиот Арчи е крстен во тајност, а се очекуваше кралско крштевање за Лилибет Дијана.
Лилибет Дијана сигурно нема да се крсти во замокот Виндзор, а за тоа е виновен принцот Хари, кој само што напиша книга.
Книгата на принцот Хари многумина ја нарекуваат „бомба“, бидејќи војводата од Сасекс во неа напиша сè што мислеше за кралското семејство. И тоа не е сè – тој одлучи да ја објави во годината кога кралицата го прославува „платинскиот јубилеј“.
– Принцот Хари напиша мемоари. Тие ќе бидат објавени во октомври. Јас би рекол дека е откажано крштевањето на малата Лилибет во Виндзор – напиша Роберт Џонсон, кралски експерт на Twitter.
„Приказните што Меган Маркл и принцот Хари сакаат да ја крстат Лилибет Дијана во замокот Виндзор во исто време кога ја објавуваат скандалозната книга се бесмислени“, истакнува Дамлиер.