Кога телесната рамнотежа на серотонинот е нарушена, се јавуваат депресија и други нарушувања во однесувањето, како што се нарушувања на спиењето.
Тоа е мешавина што е лесна и ефтина за правење, а се става под јазикот пред спиење, бидејќи го зголемува производството на мелатонин во организмот – хормонот одговорен за добар сон. Тоа е мешавина од мед и розова хималајска сол што се става под јазикот пред спиење.
Оваа сол е навистина посебна, му помага на нашето тело да стане алкално и со тоа поуспешно да се бори против разни болести. Исто така, помага во регулирање на серотонинот, што е многу важно во борбата против депресија.
Серотонинот е хемиски невротрансмитер кој ги регулира мускулните контракции, ја регулира телесната температура, апетитот и болката, а исто така го контролира нашето однесување, крвниот притисок и дишењето.
Кога се нарушува рамнотежата на серотонин во телото, се јавуваат депресија и други нарушувања во однесувањето, како што се нарушувања на спиењето. Серотонин се произведува во мозокот, во епифизата, која уште се нарекува и трето око – центарот на нашата душа.
Розовата хималајска сол исто така го регулира нивото на мелатонин, хормонот одговорен за добар сон, кој исто така се произведува во епифизата. Овој хормон се нарекува и – хормон за спиење. Го контролира нашиот биолошки часовник и повеќе се лачи навечер и во текот на ноќта.
Со доаѓањето на утрото, производството на мелатонин се намалува и се будиме. Покрај тоа, мелотонинот го штити нашето тело од слободни радикали и кардиоваскуларни болести, го забавува стареењето со подмладување на клетките и ја намалува можноста за развој на болести поврзани со стареењето. Инаку, како што старееме, нашето тело сè помалку го излачува и затоа децата спијат сè повеќе, а постарите помалку.
Измешајте пет лажички мед со лажичка сол и ставете ја смесата во тегла. Ставете малку под вашиот јазик секоја вечер пред спиење, пишува The Earth Child.