Доколку вашата чиста постелнина брзо го губи мирисот на омекнувач, ви предлагаме да направите домашен спреј за постелнина, кој ќе ја освежи.
Миризливиот спреј за постелнина е лесен за правење.
Потребни ви се само три состојки за овој спреј, и што е најважно, го одбирате мирисот што ви се допаѓа.
Доколку сакате освежителен мирис, изберете есенцијално масло од лимон, а доколку сакате релаксирачки мирис, се препорачува есенцијално масло од лаванда.
Состојки и мерки:
- есенцијално масло по ваш избор (ако сакате појак мирис, ставете 30 капки, а ако сакате поблаг мирис, тогаш 20 капки)
- 100 мл медицински алкохол
- 300 мл дестилирана вода
Подготовка:
Испрскајте ја постелнината и ќе се чувствувате како штотуку да сте ја извадиле од машината за перење.