Џенифер Лопез деновиве го прослави својот 52 роденден во друштво на ново-старата љубов. По роденденот, таа прошета по улиците на Монако и сите гледаат во ѓерданот што го покажа.
„Бенифер“ е повторно актуелен пар, судејќи според она што го објавува Џенифер Лопез. Таа официјално потврди дека повторно е со Бен Афлек на нејзиниот роденден, објавувајќи слика од парот како се бакнува.
А, по прославата на роденденот што се одржа во најлуксузниот ресторан во Сен Тропе, Џенифер покажа уште едно изненадување.
По прославата, Џенифер скокна во Монако на шопинг, а папараците успеаја даго фатат новото парче накит што го носеше – ѓердан на кој беше испишано името Бен. Сликите брзо завршија на социјалните мрежи, а реакцијата на публиката веројатно не е онаа на која се надеваше Џенифер.
– Ова е толку незрело, нејзината ќерка е позрела од неа.
– Го однесе во најлуксузниот ресторан, тие остануваат на огромна јахта, сигурно плаќа за сите негови пијалоци и на крајот носи ваков ѓердан, мислев дека има повеќе самодоверба – пишуваат луѓето, а многумина дека не веруваат во оваа љубов, туку се сомневаат дека Џенифер го прави сето ова за да го сврти вниманието на своето поранешно момче кон себе.