Не можете да погрешите со овој модел на облекување. Совршено одговара на жени од сите големини, а истовремено ги маскира сите недостатоци. Благодарение на пресекот, многу лесно ќе го скрие вишокот на стомакот или колковите.
Ако не сте стигнале линијата да ја доведете до совршенство, овој фустан ќе биде вашиот најдобар сојузник.
Лелеав, не леплив за телото, само совршен. Освен што визуелно ги намалува, фигурата и нозете изгледаат подолги, особено ако ги комбинирате со потпетици или сандали на платформа.
Сите комбинации на бои се во тренд и зависи од вас само да го пронајдете оној кој најмногу ви се допаѓа. Може да бидат со подолги ракави или без нив, а доколку сакате дополнително да го потенцирате струкот, само додајте ремен. Еве како можете да го носите овој модел оваа сезона: