Кога ќе почнат летните жештини, голем број луѓе се жалат на грчеви, особено во листовите. Постојат три главни причини кои можат да доведат до болен мускулен спазам – ниско ниво на електролити, интензивен напор и одредени медицински состојби.
Исто така, грчевите во мускулите се јавуваат при ненадејно истегнување на стапалото, особено за време на пливање, бидејќи стапалото е скоро постојано под притисок како резултат на притисокот на вода.
Грчевите се јавуваат поради дехидратација, недоволно истегнување, долготрајно седење, губење на електролити поради потење, слаба артериска или венска циркулација, носење чевли со високи потпетици, поради употреба на одредени лекови или поради голем физички напор.
Исто така, се покажа дека чести грчеви во мускулите се јавуваат кај луѓе кои се на диета, особено онаа која вклучува само внесување протеини или јаглени хидрати.
Спазмот придружен со силна болка трае неколку минути и може да биде показател за недостаток на магнезиум, калиум и калциум во телото.
Како да си помогнете?
Ако ве фати грч во ногата, треба да ја кренете со раката и да ги повлечете прстите кон вас. Кога болката ќе почне да попушта, повлечете ја целата нога кон вас – на тој начин ќе ги истегнете мускулите што ги зафатил спазмот.
Додека седите, исправете ја ногата и истегнете го стапалото кон колената. Можете исто така да ставите крпа на стапалата и да ги повлечете двата краја кон коленото.
Спазмот во листот може да биде крајно непријатен и болен. Помогнете си со тоа што со раката ќе го повлечете стапалото на ногата што ве стега кон вас, а во исто време свиткајте го коленото и подигнете го од земја. Ова ги истегнува мускулните влакна на листовите.