Олимпијадата во Париз во 1900 година била уникатна по многу нешта. Освен еден куп „необични спортски натпревари“ што се одржале таа година, тогаш бил организиран единствениот олимписки натпревар во крокет досега!
Се натпреварувале десет учесници – седум мажи и три жени (според кои овој натпревар влезе во историјата како еден од првите во кои подеднакво учествуваа и жените). Натпреварувачите на крокет и учесници на тенискиот турнир беа првите жени на некои Олимписки игри.
Постојат многу малку извештаи и резултати од ова натпреварување, а бидејќи сите натпреварувачи, освен еден Белгиец, биле француски државјани, не е јасно дали било можно да се одржи вистинско олимписко натпреварување.
Сепак, крокетот беше поразен и на друго ниво – едноставно не го сакаше публиката. Забележано е дека е продаден САМО ЕДЕН БИЛЕТ! Купен бил од постар англиски господин, кој пристигнал специјално од Ница за таа прилика.
На крајот, Белгиецот испаднал во квалификациите, па сите победници биле Французи. До денес останува нејасно дали францускиот пар што победил во групната конкуренција воопшто имал некаква конкуренција.
Поради сето горенаведено, крокетот бил исфрлен од олимписките дисциплини.