Еден од најголемите холивудски заводници и неговата убава и успешна сопруга, Џорџ и Амал Клуни, очекуваат дете, а се наведува дека повторно се близнаци!
Џорџи Амал Клуни го очекуваат своето трето (а можеби и четврто) дете, пишуваат странските медиуми.
Холивудската sвезда (60) и адвокатката за човекови права (43) станаа родители на близнаците Александар и Ела пред 4 години, а сега се пишува дека очекуваат ново бебе. Интересно, се наведува дека повторно се близнаци!
– Се шпекулира дека повторно очекуваат близнаци. Амал го помина првото тромесечие, бременоста е веќе на повидок, па наскоро сите ќе дознаат – рекол изворот за американскиот ОК.
Извор близок до парот наведува дека нивните блиски пријатели веќе знаат, и дека им организирале интимна вечера во близина на нивната вила во Италија, а потоа им ја кажале добрата вест.
– Џорџе толку возбуден, едвај чека да им каже на сите. Тој е многу горд и Амал блеска.
– Ова го сакаа Џорџи Амал толку долго, но нема гаранција на нејзината возраст. Џорџотсекогаш велеше дека сака повеќе деца, па ако се близнаци, тоа би било идеално за нив – додаде тој.
Покрај тоа, се наведува дека малата Ела и Александар се многу возбудени затоа што ќе станат „поголеми брат и сестра“ на нов член на семејството.
Да потсетиме, Амал Клуни дури неодамна беше фотографирана во јавност по многу месеци, а долго време се шпекулираше зошто целосно се повлече од јавниот живот.