Нега со мед: Совршен е за меки усни, а може и да ја осветли косата

popara30 јули, 20211min0
Screenshot_1

Медот делува како благ пилинг, содржи антиоксиданси, ја осветлува кожата и е познато дека има бактерицидно дејство. Неговата примена во негата е одлична, ефикасна е, но не е погодна за употреба во секое време. Затоа ви подготвивме совети како да се негувате со мед додека спиете. Ефикасно е и удобно.

Суви усни

Направете пилинг на усните, а потоа нанесете тенок слој мед врз нив пред спиење. Ќе се разбудите со меки, мазни усни. Усните се важни за општиот впечаток, кожата на нив е најтенка на телото, а често ги занемаруваме.

Акни

Нанесете мед на воспалените делови на лицето и покријте ги со газа или ставете фластер. Оставете го да делува преку ноќ и исплакнете со вода наутро. Медот е ефикасен антибиотик кој често делува на бактерии отпорни на други антибиотици, а знаеме дека бактериите, заедно со мртвите клетки и вишокот на себум, се причина за појава на мозолчиња и акни на лицето.

Расцветани врвови

Ослободете се од расцветаните врвови со маска направена од мед и маслиново масло која делува навечер додека спиете. Нанесете ја само на краевите, ќе ја хидрира и негува сувата коса.

За сјајна кожа

Измешајте еден дел мед и два дела чист гел од алое вера и нанесете на лицето пред спиење. Можеме да му се заблагодариме на комплексот витамин Б од медот за ефектот на здрава и сјајна кожа. Тие се одговорни за нормално функционирање на кожата, обновување на клетките, штитат од слободните радикали и ги намалуваат воспалителните процеси.

Осветлете ја косата

Измешајте мед со чај од камилица и истурете во шише со спреј. Испрскајте ја косата пред спиење, ставете капа за туширање или завиткајте ја во пластична фолија и оставете да делува преку ноќ.

Црни точки

Црните точки, попознати како митисери, се многу досадни. Третирајте ги со мешавина од мед и сок од лимон. Нанесете пред спиење на проблематичните области, а не на целото лице. Кожата на лицето е најмногу подложна на акумулација на нечистотија и себум во порите, и формирање на црни точки, а медот е одлична маска затоа што ги врзува за себе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma