На радост на модата и обожавателите Стефани Џерманота, попозната како Лејди Гага, објавен е трејлер за филмот House of Gucci, во кој поп -sвездата ја игра Патриша Реџиано.
И додека обожавателите на поп дивата воздивнуваат поради фактот дека таа е талентирана во актерството исто како и во музиката, забележавме нешто друго: фустан што го видовме неодамна на Анастасија Ражнатовиќ!
Имено, Гага носи црн фустан со розови точки и нагласени раменици, додека неодамна ја видовме Анастасија во спот за песната „Готово“ во сличен модел со, сепак, поголем puffy ефект во пределот на рамената, деколте во форма на срце и црвеникави полка точки. Сепак, моделот несомнено е сличен, а американската sвезда и српската пејачка носеа сличен накит: кратки златни ѓердани!
Иако фустаните не се идентични, тие за малку се и го изразуваат духот на осумдесеттите години, и секоја го носи извонредно на свој начин.