Што да се подготви за појадок или вечера е вечно прашање. Еве одлична закуска…
Состојки:
Тенки парчиња леб
200 гр шунка
Листови кашкавал
100 гр димен колбас
100 гр намаз од сирење
200 мл млеко
2 јајца
100 гр павлака
Кечап
Подготовка:
На секое парче леб намачкајте од намазот од сирење, додадете лист шунка или било која салама, додадете кашкавал и кечап и наредете ги еден врз друг додека не се потрошат сите состојки. Потоа префрлете во тесен плех обложен со хартија за печење. Изматете ги јајцата, додајте ја павлаката и млекото и прелијте ги сендвичите. Може да изрендате кашкавал или некое потврдо сирење. Печете на 210 степени околу 35 минути.