КОЛАЧ со ЛАВАНДА и ЛИМОН! Летна посластица која МОРА да ја ПРОБАТЕ! (РЕЦЕПТ)

popara1 август, 20212min0
461149_lavanda-kolac_f

Тортата со лаванда и лимон е одлична за сервирање со попладневен чај или кафе, а може да се сервира и како десерт после ручек, во лето е совршен избор поради својата лесна текстура…

Состојки:

малку путер за подмачкување на плехот

300 гр шеќер

лажичка сушена лаванда

125 гр бело брашно

половина лажичка прашок за пециво и сода бикарбона

прстофат сол

2 јајца

250 гр грчки јогурт

125 мл маслиново масло

рендана кора од лимон плус лажица сок од лимон

шеќер во прав

гранчиња свежа лаванда за сервирање

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте го плехот за печење (тркалезен со дијаметар од 22 см) и ставете хартија за печење на дното. Во блендер ставете ги шеќерот и лавандата и блендирајте додека лавандата не се иситни. Просејте го брашното, прашокот за пециво, сода бикарбоната и солта заедно во еден сад. Потоа додадете ги лавандата и шеќерот. Во посебен сад изматете ги јајцата со јогуртот и маслото. Направете вдлабнување среде сувите состојки и постепено додавајте ги течните. Додадете ја кората од лимон и сокот, но не мешајте премногу. Истурете ја смесата во подготвениот плех/калап. Печете 45-50 минути, извадете го колачот наопаку, излупете ја хартијата и оставете да се излади. Посипете со шеќер во прав (или направете глазура) пред сервирање и украсете со гранчиња свежа лаванда.

Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma