Таа се противи да отиде под нож
Поранешната манекенка, Синди Крафорд, не се срами да покаже како изгледа нејзиното лице без трошка шминка и е вистински пример за сите жени.
Таа објави селфи на социјалната мрежа Инстаграм и за кратко време собра над 80.000 лајкови и многу позитивни коментари.
Синди покажа како изгледа вистинска жена во 6тата деценија, без разубавување и филтри. Многумина беа воодушевени од фактот дека Синди нема трошка шминка на фотографијата, а нејзината коса е пуштена.
– Жената треба да старее достоинствено, не гледам ништо лошо во тоа. Не ја разбирам потребата на големен број жени по секоја цена да го бркаат младешкиот изглед – изјави Синди во една прилика.
Погледнете како изгледа моделот во целосно опуштено издание.