Обрнете внимание: Возењето може да открие рани знаци на Алцхајмерова болест

popara1 август, 20211min0
Screenshot 2021-08-01 210339

Стилот на возење, повеќе или помалку, се менува со возраста. Но, некои промени се посуптилни од другите. Некои не треба да се игнорираат

Научниците предупредуваат дека некои од овие мали промени што ни се случуваат со текот на годините не треба да се игнорираат, бидејќи начинот на возење може да укаже на рана фаза на Алцхајмерова болест.

За да го докажат тоа, тие спроведоа експеримент во кој група возачи постари од 65 години во Мисури, САД, се согласија секое нивно возење да биде следено со ГПС година дена, пренесуваат медиумите.

Целта на студијата „Возење“ – предводена од Кетрин Ро и Ганеш Бабулал на Универзитетот во Вашингтон во Сент Луис и финансирана од Националниот институт за стареење – беше да се открие дали само проучувањето на навиките на оваа група возачи може да го открие почетокот на болеста – без потреба од инвазивни или скапи медицински процедури.

По 365 дена собирање информации, научниците се убедени дека може. Меѓу 139 луѓе вклучени во студијата, медицинските тестови веќе покажаа дека околу половина од нив имале многу рана или „претклиничка“ Алцхајмерова болест. Другата половина не.

Анализата на нивното возење откри видливи разлики помеѓу двете групи. Особено, оние со пред-клиничка Алцхајмерова болест возеле побавно, правеле ненадејни промени во правецот на возење, помалку возеле ноќе и вкупно поминале помалку километри. За време на возењето, тие посетиле помалку различни дестинации, секогаш држејќи се до истите, веќе познати правци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma