ИСЧЕЗНА ПО РАСКИНУВАЊЕТО СО ДАМИАНО: И пречеше неговата популарност, а тој пишуваше песни за неа! Ова е ПОРАНЕШНАТА девојка на рокерот!

popara2 август, 202110min0
2579857_profimedia0612226537-1_ls

Дамиано Давид, фронтменот на победничката група на овогодинешниот Евросонг, постојано е во центарот на вниманието на јавноста поради неговата ексцентричност и необичен стил на облекување, но не помалку се зборуваше за неговиот љубовен живот.

Девојките и жените ширум светот беа воодушевени од него, а некои не се откажаа дури и кога се дозна дека тој е во долгогодишна врска со инфлуенсерката Џорџа Солери.

Damijano David

Сепак, помалку е познато дека пред Џорџа, Дамиано бил лудо вљубен во Лукреција Петрарка. Имено, тие беа во врска до 2017 година, кога Манескин настапи во италијанската верзија на популарното шоу „Јас имам талент“.

Таа била многу вознемирена што тој е популарен и дека има обожаватели, секогаш беше придружуван од орда девојки, со што таа не можеше да се помири.

Лукреција со години се бореше со депресијата, а по паузата исчезна од социјалните мрежи. Извори блиски до Давид тврдат дека тој напишал некои од неговите песни само за неа.

Дамиано безброј пати нагласи дека не е типичен рокер кога е во прашање љубовта, туку дека верува во длабоки врски, верност и ги почитува жените.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma