Одличен рецепт за оние кои се хранат здраво или се на диета. Едноставната и брза подготовка ќе ве натера уште повеќе да ја засакате оваа торта. И истекувањето на чоколадното полнење е уште една позитивна карактеристика на ова уживање
Состојки:
2 големи банани
1 лажица мед
1 лажица јогурт
1 лажица какао
1 чаша кокос
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за пециво
2 јајца
За прелив:
100 гр темно чоколадо
чаша млеко
Големина на калап: 20 x 20
Подготовка:
Во блендер, прво измелете ги бананите, потоа додадете ги сите останати состојки освен јајцата и добро измешајте. Изматете ги јајцата во посебен сад и додадете ја претходната смеса. Промешајте со шпатула. Подмачкајте го плехот и истурете ја смесата. Печете во загреана рерна на 180 степени половина час.
За преливот, растопете го чоколадото, потоа постепено додавајте го млекото и мешајте додека не се соедини. Извадете го готовиот колач од рерната, прободете го со чепкалка за заби насекаде и прелијте го со преливот. Оставете најмалку 15 минути додека тортата не го впие преливот, а потоа сервирајте.