ИНТИМНИОТ ОДНОС ВЛИЈАЕ НА УБАВИНАТА Повеќе секс значи повеќе сјај и помалку брчки!

8 август, 2021
Screenshot_3

За време и после сексот вашата кожа добива „бран“ ендорфин кој има антиинфламаторно дејство на вашето лице.

Еуфоричното чувство после сексот не е само во вашата глава, туку е видливо на вашето лице, зрачи од вашата кожа, па дури и ги зголемува вашите гради…

Поголеми гради

Кога сте сексуално активни, брадавиците ви се поизразени затоа што се зацврстуваат секој пат кога имате секс, па дури и масното ткиво на вашите гради може малку да отече, па визуелниот впечаток на градите е дека тие се поголеми и поголеми…

Росна кожа

За време и после сексот вашата кожа добива „бран“ ендорфин кој има антиинфламаторно дејство на вашето лице. Со други зборови, помалку мозолчиња! Покрај тоа, ја зголемува количината на естроген, што има добар ефект врз еластичноста на вашата кожа и создава колаген. Повеќе секс значи повеќе сјај и помалку брчки!

Пополни усни

Забрзаниот проток на крв влијае на вашите усни (што веројатно ги користевте за време на предиграта), така што тие изгледаат пополни и поцрвенети.

Бистри очи

Бистар поглед, полно срце, но буквално! Силниот напад на хормонот окситоцин што ви се случува после сексот и ве остава во прекрасно блаженство, всушност ги прави вашите очи појасни и поотворени.

Румени образи

Сексуалната возбуда го забрзува пулсот, а потоа ја забрзува циркулацијата и ги проширува крвните садови. Ова е токму магијата зад таканаречениот феномен „ секс руменило“. Зошто да трошите за руменило кога треба само редовно да уживате во сексот?

escort - Korsan taksi