Актерката Сара Џесика Паркер одлучи да се одмори од снимањето на продолжението на популарната серија „Сексот и градот“ и да помине извесно време со своето семејство на плажа.
Имено, снимањето на продолжението на серијата „Сексот и градот“ е во полн ек, а Кери Бредшо и нејзините пријатели повторно го запираат сообраќајот на улиците во Њујорк, но ја користат секоја прилика да се одморат.
Сара Џесика Паркер има куќа во историската летна колонија на побогатите Американци, Хемптонс, така што нема проблем да ужива во шармот на летото во близина на Њујорк кога и да посака.
Сместен на самиот раб на Атлантскиот Океан, Хемптонс може да се пофали со најубавата плажа на Лонг Ајленд. За време на паузата на снимањео, популарната актерка помина едно сончево попладне на песокот со својот сопруг Метју Бродерик и ќерките Табита и Марион, и ги понесе и сите реквизити, вклучувајќи лежалки и стол.