Поради едноставноста на подготовката, овој сос е идеален за почетници во кујната, бидејќи им успева на сите.
Ако немате време да подготвите комплициран сос за тестенините, ви го предлагаме овој едноставен бел сос, за кој нема да ви требаат многу состојки.
Состојки:
коцка путер, 500 мл неутрална павлака, ситно исечкано чешне лук, 50 гр рендан пармезан, 200 грама шпагети, шампињони, зачини по желба: сол, бибер, магдонос
Подготовка:
За почеток, ставете ги шпагетите да се варат на вообичаен начин.
Во тава, пржете ги исечените шампињони на коцка путер додека не испуштат вода. Потоа намалете ја температурата и почекајте да испари водата.
Во друга тава, истурете ја неутралната павлака, додадете лук и зачини и пармезан. Оставете да се вари неколку минути, а потоа тргнете го од шпоретот.
Додадете ги варените шпагети и печурки во сосот и се убаво измешајте.