Според фенг шуи, постојат растенија кои се способни да ја црпат позитивната енергија од нашиот дом и затоа не треба да се чуваат дома.
Обрнете внимание на овие растенија кои можат да ви донесат лоша енергија, но и недостаток на пари:
1. Монстера – Според фенг шуи, овој цвет е крајно неповолен за луѓето. Се верува дека ова растение никогаш не треба да се чува во спалната соба, бидејќи може да доведе до несоница.
2. Бршлен е растение кое според фенг шуи треба да се чува надвор. Ако барате нова љубов, не треба да го чувате ова растение во вашиот дом.
3. Кактус – Од една страна, тие штитат од зрачењето на компјутерските монитори и се сметаат за магичен талисман против токсични луѓе, но има и негативна страна. Кактусот ја плаши љубовта, ги лади чувствата, негативно влијае на интимниот живот… Особено не се препорачува чување кактус во спалната соба.
4. Бегонијата е моќен енергетски вампир. Ова растение не се чува во куќи каде што некој живее сам, туку само во домови каде кружат голем број луѓе. Се верува дека е особено погоден за дом кој често прима гости, бидејќи бегонијата ќе ја исчисти и ќе ја исцица негативната енергија на другите.
Од друга страна, тоа е цвет кој има силен енергетски ефект, затоа не треба да го чувате дома ако живеете сами.