Ја гледаме Оливија Кук во филмот „ Naked Singularity “ во кој се појавува со Џон Бојег.
Интригантниот трилер наречен „Naked Singularity“ премиерно беше прикажан пред десетина дена во Њу Јорк, а во него најголемо внимание привлече младата британска актерка Оливија Кук.
И тоа благодарение на секси сцените што 27-годишната sвезда ги симулираше во изданија без градник, како и оние во кревет со главниот актер Џон Бојег, кого добро го познаваме од „Војна на ѕвездите“.
Заплетот на филмот го следи јавниот бранител Каси од Њу Јорк, чии идеали почнуваат да се распаѓаат поради секојдневните неправди на правосудниот систем, кои потоа се обидува да ги исправи. Но, работите се комплицираат кога поранешен клиент го вовлекува во грабеж на дрога со висок ризик за да го порази расипаниот систем.
Режисерското дуо Чејс Палмер и Дејвид Метјуз го напишаа сценариото базирано на роман на поранешниот јавен бранител Серхио Де Ла Паје од Менхетен, а филмот започна да се прикажува во кината во САД на 6 август.
Покрај Олвија и Џон, во филмот се појавуваат и Бил Скарсгард и Ед Скреин.