Овој рецепт е совршен за сите оние кои не знаат што повеќе да готват и кои бараат нешто убаво и едноставно.
Њоките совршено одат со пршута и рукола, и послужете ги со чаша бело вино и свежо овошје за десерт.
Состојки:
¼ чаша маслиново масло
60 грама пршута (исечкајте ја на помали парчиња)
1 пакување њоки од компир (или 450 грама)
80 грама рукола
¼ чаша свежи лисја од магдонос
1 лажичка рендана кора од лимон плус 2 лажички свеж сок од лимон
Подготовка:
Загрејте го маслото во голема тава која не лепи на средна топлина. Додадете пршута. Гответе, мешајќи повремено, додека не стане крцкава, околу 3 минути. Префрлете ја пршутата на чинија обложена со хартиена крпа за да се исцеди маслото. Додадете ги њоките во тавата; гответе на средно висока температура, повремено мешајќи, додека њоките не станат златни и крцкави, 8 до 10 минути. Тргнете од оган. Додадете рукола, магдонос, кора од лимон, сок од лимон и пршутата.
Оставете да се соедини. Добар апетит!