Со отсуството на Ким Катрал, која го толкуваше ликот на легендарната Саманта Џонс во „Sex and the City“, многумина се уште не се помириле, а сега е претставена актерката која ќе ја игра четвртата пријателка во продолжението на популарната серија.
Ким Катрал дефинитивно не се согласи да се појави во продолжението на серијата „Sex and the City“, се поради конфликтот со нејзината колешка Сара Џесика Паркер, која го толкува ликот на Кери Бредшо.
И додека на почетокот се мислеше дека во серијата ќе се појават само трите пријателки, наместо четири, сега е откриено дека Саманта добила замена.
Станува збор за актерката Никол Ари Паркер, која ја доби улогата на четвртата членка, но се уште не е познато дали ќе биде развратна како Самнта или можеби скромна како Шарлот, која ја игра Кристин Дејвис.
Никол веќе е фотографирана со девојките и нивната фотографија е објавена, па фановите можат да видат како ќе изгледа новата четворка.